Цените на нафтата во понеделник на меѓународните берзи го надмина нивото од 49 долари, поткрепени од податокот за намалено производство во САД, а поизразен раст на пазарот беше спречен заради проценката на аналитичарите за зголемено производство од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).
На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,03 долари. Значителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 46,32 долара.
Посебно, ОПЕК денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во петок изнесувала 45,63 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот работен ден.