18 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИGebrüder Weiss лансираше сопствена организација во САД

Gebrüder Weiss лансираше сопствена организација во САД

Единствени услуги во целиот свет под една заедничка марка: тоа е стратегијата на логистичката компанија „Gebrüder Weiss“. По отворањето на различни филијали во Германија, Кина, Хонг Конг и Сингапур во првата половина на годината компанијата достигна до следната важна фаза во развојот, откако објави основањето на сопствена локална организација во САД.

Од 3-ти јули започнуваат со работа уште пет филијали под главниот бренд „Gebrüder Weiss“: Атланта, Бостон и Лос Анџелес се стекнуваат со 100 проценти од поранешното американско заедничко вложување. Компанијата открива две други филијали во Њујорк и Чикаго – новата централа на „Gebrüder Weiss“ – САД. Вкупниот број на вработени службеници во САД ќе биде околу 100.

Заедно со различни транспортни услуги, ориентирани главно кон воздушни и поморскиот транспорт, „Gebrüder Weiss“ ќе нуди во новите филијали исто и специфични логистички услуги. Спектарот се протега од складирање чување и локална дистрибуција до решенија за електронска трговија, вклучувајќи системи за онлајн продавници. Компанијата се стреми постепено да ги спроведе во новите филијали исто и експертското искуство од различни бранши, како на пример автомобилската и „хај“ сектор.

„Сега ја комбинираме глобалната универзална мрежа со висок степен на локално „know-how“. Со овој концепт сакаме да ја потврдиме позиција на логистичката компанија која обезбедува одличен сервис, исто и за новите филијали“, вели Хајнц Зенгер-Вајс, член на Управниот одбор на „Gebrüder Weiss“. Благодарение на бројните клиенти во изминатите години стана можен развојот на постоечките обединети логистички услуги на глобално ниво. Сега „Gebrüder Weiss“ има желба значително да ја зајакне тоа понуда и да продолжи да расте заедно со своите субјекти. „Во врска со тоа независното и моќното присуство во САД за нас е од огромно стратешко значење“, дополнува Зенгер-Вајс.

Со околу 6500 вработени, 150 сопствени филијали и годишен обрт од 1,36 милијарди евра според прелиминарните пресметки (2016-та година) „Gebrüder Weiss“ е рангирана меѓу водечките транспортни и логистички компании во Европа. Под капата на „Gebrüder Weiss Holding AG“ со седиште во Лаутерах (Австрија) компанијата обединува, заедно со своите основни бизнис насочени кон копнен транспорт, воздушен и поморски транспорт, како и логистика, исто така голем број на високо специјализирани секторски решенија и филијали, вклучувајќи логистичка консултација „x|vise“, „tectraxx“ (трговска специјалист за високотехнолошки фирми), „inet-logistics“ (софтверски решенија за транспортен менаџмент „TMS“), „dicall“ (комуникациски решенија, истражување на пазарот, обука), „Rail Cargo“ (железнички транспорт) и „Gebrüder Weiss Paketdienst“, партнерот од Австралија – „DPD“. Тоа обединување му овозможува на концернот да реагира брзо и флексибилно на потребите на клиентите. Со бројни еколошки, економски и социјални мерки денес семејната фирма со над 500-годишна историја во превозот се смета за пионер во однос на одржливиот претприемништво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП