27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар достави официјален одговор на ултиматумот

Катар достави официјален одговор на ултиматумот

Катар достави официјален одговор на 13-те барања на земјите од Заливот.

Одговорот е доставен до Емирот од Кувајт, шеикот Сабах Ал Ахмад Ал Сабах, кој е посредник во заливската криза.

Засега не се познати деталите во одговорот на Катар.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници рано утрово го продолжија ултиматумот до Катар за 48 часа.

Списокот на барања од Катар вклучува затворање на медиумскиот гигант Ал Џезира, прекин на односите со Иран и затворање на турската воена база во Катар. Тие барања беа доставени до Доха на 22 јуни, со рок за одговор од 10 дена.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар на 5 јуни, обвинувајќи ја Доха дека поддржува тероризам и одржува блиски врски со Иран, која е регионален ривал на Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП