20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија подготвува мерки за заштита на енергетски ранливите потрошувачи

Велика Британија подготвува мерки за заштита на енергетски ранливите потрошувачи

Енергетскиот регулатор на Велика Британија (Ofgem) може да воведе гранични цени на електричната енергија за ранливите домаќинства, соопштува „Ројтерс“. Идејата е дел од барањата на владата за планови во насока на справување со енергетската сиромаштија.

Во прилог на ранливите корисници ќе можат полесно да ги сменат своите снабдувачи на електрична енергија.

Според податоците на британските власти околу 2 милиони корисници во земјата се соочуваат со тешкотии да ги покриваат своите енергетски сметки и во моментов добиваат поддршка за греење.

Првичната оценка на регулаторот е дека граничните цени ќе имаат ограничено влијание врз шесте најголеми енергетски снабдувачи на Островот – „SSE“, „Scottish Power“ на „Iberdrola“, „npower“ на „Innogy“, „E.ON“ и „EDF Energy“, чиј вкупен удел на пазарот е 85%.

Цената на електричната енергија е да влезе во фокусот на Британците околу кампањите на политичките партии за последните парламентарни избори. Тогаш беше обрнато внимание на големата разлика помеѓу стандардните тарифи и оние за индустријата.

Во 2016-та година Комисијата за конкуренција и пазарите во Велика Британија пресмета дека домаќинствата земале вкупно над 1,4 милијарди фунти годишно во периодот меѓу 2012-та година и 2015-та година поради „неконкурентните“ стандардни цени на енергија, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП