19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо мај невработеноста во еврозоната е 9,3 отсто

Во мај невработеноста во еврозоната е 9,3 отсто

Стапката на невработеност во еврозоната остана стабилна во мај и изнесува 9,3 отсто, што е најниска стапка од март 2009 година, соопшти Евростат.

Оваа стапка, слична на онаа во април, е во согласност со очекувањата на аналитичарите кои предвиделе 9,3 отсто за мај.

Невработеноста во еврозоната, во која се наоѓаат 19 земји, изнесува помалку од десет отсто од септември 2016 година.

Стапката на невработеност останува ниска во Германија (3,9 отсто) и на Малта (4,1 отсто), но е висока во Шпанија со 17,7 отсто.

На подрачјето на целата Европска Унија (ЕУ) невработеноста во мај изнесувала 7,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП