17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел до Г20: Фокусирајте се на одржлив економски развој

Меркел до Г20: Фокусирајте се на одржлив економски развој

Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на челниците на Групата 20 најразвиени земји дека треба да се фокусираат исклучиво на одржлив економски раст, а не само на сопствената благосостојба.

Меркел во пресрет на одржувањето на самитот Г20 оваа недела рече дека таа ќе се занимава со прашањата што ги мачат демонстрантите, како распределба на богатството и потрошувачка на ресурсите, како и за климатските промени, слободниот пазар, заштита на потрошувачите и подобрување на социјалниот стандард.

На самитот ќе стане збор за тоа што се прави со ресурсите, кои се правилата за дистрибуција на богатствата, колку луѓе во тоа учествуваат и колку од тоа државата профитира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП