3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРСБСП: Не користете лекови на своја рака кога возите

РСБСП: Не користете лекови на своја рака кога возите

Според истражувањето што минатата година го спроведе Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со партнерите, дури 76,2% од вкупниот број анкетирани возачи истакнаа дека за време на одредена терапија, односно кога користат лекови, се вклучуваат во сообраќај како возачи на моторно возило.

Околу 38,1% од возачите управуваат моторно возило под дејство на лекови, иако знаат како дејството на лекот се одразува врз нивните способности за управување со моторно возило. Загрижува податокот дека истата појава се јавува и кај околу 26,5% од вкупниот број анкетирани професионални возачи.

Тие и покрај тоа што знаат и се доволно свесни дека професионалната етика не им дозволува да управуваат со моторно возило под дејство на лекот што го користат, сепак, се одлучуваат да се вклучат во сообраќај.

Со цел безбедно учество во сообраќајот и елиминирање на потенцијалните ризици и закани за безбедноста во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со корисни совети: пред и за време на патувањето да не се користат лекови на „своја рака“, задолжително пред да се земат лекови да се консултирате со лекар или со фармацевт и да се информирате за влијанието на лекот врз психомоторната активност на организмот, антихистаминиците, популарно познати како лекови против алергии имаат седативно дејство и ја намалуваат психомоторната способност на возачот.

Исто така, велат од РСБСП, строго е недозволиво истовремено консумирање седативи (лексилиум, дијазапам, хелекс) и други слични лекови со психотропно дејство и алкохол.

Доколку имате неопходна потреба од консумација на лекови кои влегуваат во групата на психотропни супстанции, задолжително запрето го возилото, одложете го патувањето или препуштете го управувањето со возилото на лице кое е во соодветна кондиција, или организирајте алтернативен начин на патување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП