19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јуни беше забележан раст на кинеската фабричка активност

Во јуни беше забележан раст на кинеската фабричка активност

Фабричката активност во Кина во јуни порасна со најбрзо темпо во последните три месеца, потпомогната од новите нарачки.

Но, аналитичарите сметаат дека понатамошното забавување на втората најголема светска економија е неизбежно бидејќи официјален Пекинг е соочен со проблеми поради високите долгови, пренесува агенцијата Ројтерс.

Официјалниот индекс на менаџерите на набавката (ПМИ), кој ги мери активностите во кинеските фабрики, порасна во јуни на 51,7 поени, што е 11 месец по ред со раст и раст во однос на 51,2 поени од мај, според месечната анкета на кинеското Национално биро за статистика.

Тоа е најбрзо темпо на раст на тој индекс од март и над нивото од 51 поен, што го очекуваа аналитичарите кои ги анкетираше Ројтерс.

ПМИ на новите нарачки порасна на 53,1 поен од мајските 52,3 поени.

Но, повеќето аналитичари сметат дека економијата на Кина забави во второто тромесечје, а последните податоци одат во прилог на очекуваното понатамошно ладење на економијата бидејќи кинеските власти сѐ повеќе се фаќаат во костец со високото ниво на долг во многу индустриски гранки и бидејќи ги заоструваат монетарните услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП