28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреполните акумулации условија Албанија да остварува историски рекорден извоз на струја

Преполните акумулации условија Албанија да остварува историски рекорден извоз на струја

power_supply3

Благодарение на исклучително поволната хидролошка состојба на каскадата на реката Дрим, Албанија постигнува историско рекордно производство од 30 милиони киловат часови електрична енергија дневно.

Ваквото производство услови масовен извоз на електрична енергија, што пак поволно влијае во ублажување на тешката финансиска состојба на албанската електрокорпорација, КЕШ. Последните информации од КЕШ говорат дека дневно на странскиот пазар се извезуваат околу 10 милиони киловат часови, што претворено во пари значи 10 милиони евра месечно.

Од Корпорацијата потврдуваат дека високото ниво на извоз се очекува да се задржи во текот на месец јуни, поради големите резерви на вода на каскадата на реката Дрим, каде се трите ХЕЦ-ли, „Фиерза“,која е втора по големина на Балканот, по онаа на Дунав, „Коман“ и „Вау те Дејес“.

Нивото на акумулацијата „Фиерза“ е на максималната кота од 296,9 метри. Трите ХЕЦ- ли работат под полн капацитет и со производството ги задоволуваат потребите на домашниот пазар за електрична енергија а дел извезуваат. Само во месеците март и април, КЕШ има инкасирано 20 милиони евра од продадената струја надвор од земјата. Историски рекордниот извоз на електрична енергија, во истовреме позитивно влијае и врз албанскиот извоз, кој во првите три месеци бележи раст од 17 отсто споредено со истиот период лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП