17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDropbox се подготвува за IPO

Dropbox се подготвува за IPO

Американската технолошка компанија „Dropbox“, која располага со можности за складирање на податоци, се сретнала со советниците, за да разговараат за можноста за „IPO“ во 2017-та година, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на свои извори.

„Dropbox“ дури бара да ангажира експерти за својата емисија за јавната понуда што може да ја направи најголемата американска технолошка компанија која станала јавна по „Snap Inc.“.

„IPO“-то ќе биде клучен тест за вредноста на „Dropbox“, откако во 2014-та година таа беше проценета на речиси 10 милијарди долари за време на приватниот круг за прибирање на средства.

„Dropbox“ ќе почне да интервјуира инвестициски банки во следните недели, појаснува изворот, кој сакаше да остане анонимен. Од компанијата одбиваат да дадат коментар.

Неколку големи американски технолошки компании, како Uber Technologies Inc и Airbnb Inc, се спротивставија на јавно претставување во последните месеци, загрижени од фактот дека инвеститорите на берзите, кои се фокусираат повеќе на профитабилност отколку приватните инвеститори би имале пониски проценки.

Сепак за многу приватни компании постои се поголем притисок да станат јавни, бидејќи инвеститорите бараат начини да си ги вратат вложените средства.

Со седиште во Сан Франциско, „Dropbox“, е основана во 2007-ма година од дипломираните сутендите на „МИТ“, Дру Хјустон и Араш Фердоузи, а за инвеститори ги има „Sequoia Capital“, „T. Rowe Price“ и „Greylock Partners“.

„Dropbox“ започна како бесплатна услуга, која им овозможува на корисниците да споделат и чуваат слики, музика и други големи датотеки. Овој бизнис сепак стана заситен, бидејќи „Google“ на „Alphabet Inc“, „Microsoft Corp“ и „Amazon.com Inc.“ почнаа да нудат бесплатно складирање на датотеки.

Оттогаш „Dropbox“ се фокусира на освојување на бизнис клиентите, а Хјустон, извршниот директор на компанијата, изјави дека „Dropbox“ е на пат да генерира приходи во износ од повеќе од 1 милијарда долари во оваа година.

Компанијата го прошири својот „Dropbox Busines“ кој бара од компаниите да плаќаат надомест врз основа на бројот на вработените, кои ја користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП