6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на приходите, но не и на потрошувачката

Силен раст на приходите, но не и на потрошувачката

Личната потрошувачка во САД во мај порасна за слаби 0,1 проценти, и покрај силниот раст на личните приходи, покажаа објавените официјални податоци.

Личните приходи во мај пораснаа за 0,4 проценти, што е забрзување во однос на растот од 0,3 проценти во април, додека личната потрошувачка пораснала за дури 0,1 проценти по растот од по 0,4 проценти од март и април, соопшти американското Министерство за трговија, а пренесува агенцијата АП.

Економистите тесно ја следат ситуацијата со личната потрошувачка, бидејќи таа чини дури 70 проценти од економската активност на САД.

Од јануари до март, личната потрошувачка пораснала за слаби 1,1 проценти на годишно ниво, што е најбавното темпо на раст во вториот квартал во 2013 година и една од причините зошто економијата на САД порасна по годишна стапка од 1,4 проценти во првите три месеци од 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП