25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазната на ЕК ќе го намали профитот на компанијата мајка на Google

Казната на ЕК ќе го намали профитот на компанијата мајка на Google

Компанијата мајка на „Google“, „Alphabet Inc.“ објави дека антимонополската казна на Европската комисија (ЕК) ќе го намали профитот за вториот квартал со околу 2,74 милијарди долари, соопштува „Bloomberg“.

Компанијата планира да ја земе глобата во посебна оперативна сметка во излагањето.

„Тоа не е даночен одбиток, па казната ќе биде од нето добивката на „Alphabet“ и профитот на акција со целосната сума од 2,74 милијарди долари“, се вели во соопштението на компанијата.

Потсетуваме дека на 27-ми јуни ЕК излезе со решение да го казни технолошкиот концерн со 2,42 милијарди долари поради злоупотреба на пазарните позиции. Комисијата тврди дека компанијата ја манипулираат со резултатите од пребарувањето на стоки и услуги, па трговските партнери и клиенти на „Google“ да излегуваат на првите позиции во резултатите.

Аналитичарите очекуваат „Alphabet“ да постигне добивка во износ од 5,78 милијарди долари во вториот квартал, покажуваат резултатите од анкетата на „Bloomberg“.

Аналитичарите не веруваат дека казната на ЕК ќе ги загрози позициите на „Google“, иако некои од нив изразуваат загриженост за потенцијалното влијание на принудните промени во услугата за шопинг на „Google“. Таа е поголем извор на приходи за компанијата.

„Google“ има 90 дена да предложи решение кое ќе ги задоволи регулаторите на ЕУ, или ќе треба да плаќа дополнителни казни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП