19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром повторно ја зголеми продажбата во Европа

Газпром повторно ја зголеми продажбата во Европа

Газпром ги зголеми испораките на гас во Европа на 95,7 милијарди кубни метри во периодот јануари-јуни 2017 година, што е за 12,3 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

„Тоа го изјави генералниот директор на Газпром, Алексеј Милер“.

„Побарувачката на гас продолжи да расте и во 2017 година. Извозот е зголемен за 12,3 проценти на годишно ниво или за 10,5 милијарди кубни метри во првите шест месеци од оваа година“, изјави Милер на седницата на акционерите, пренесува руската агенција Тас.

Испораките на гас на Газпром на европскиот пазар, според Милер, пораснале за 30,4 милијарди кубни метри гас за една ипол година.

„Тоа се поклопува со капацитетот на Турскиот тек и е двојно повеќе од капацитетот на Северниот тек 2“, истакна Милер.

Европа подолжува да има голема потреба за увозен гас поради растечката побарувачка и падот на производството, додава Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП