5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците не паметат ваков пад на купувната моќ од 70-те

Британците не паметат ваков пад на купувната моќ од 70-те

Британските потрошувачи се соочени со најдолгиот период на пад на куповната моќ од 70-те години од минатиот век, покажаа денес објавените официјални податоци.

Расположливите средства по домаќинство во Британија, прилагодени со инфлацијата, се намалени трети квартал по ред, додека стапката на штедење на домаќинствата опаднала на историски минимум од 1,7 проценти, според податоците на британската Канцеларија за статистика (ONS), пренесува агенцијата Ројтерс.

Најновите податоци на ONS ја отсликуваат лошата ситуација во која се наоѓаат британските потрошувачи, кои се погодени со растечката инфлација и забавувањето на темпото на раст на платите, оценува британската агенција.

Дефицитот на тековните плаќања на Британија според податоците на ONS порасна на 16,09 милијарди фунти во периодот јануари-март, што е еднакво на 3,4 проценти од БДП и претставува скок во однос на 2,4 проценти од БДП во четвртиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП