7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп сака САД да бидат доминантна светска сила во енергетиката

Трамп сака САД да бидат доминантна светска сила во енергетиката

Со децении претседателите на САД се мачат да постигнат и гарантираат енергетската независност. Целта на новиот американски лидер Доналд Трамп е малку поинаква – да има доминантна улога во светската енергетика, пишува во анализата „CNBC“.

Во свои искази Трамп веќе коментира за „златната ера“ на американската енергетика, која може да биде постигната во позадина на бумот на производството на природен гас и нафта, соодветно и на извозот на енергетските ресурси.

Американскиот претседател гледа начин да се постигне енергетска доминантна улога на САД преку извозот на течен гас за земјите од Источна Европа и Азија.

И иако администрацијата на Трамп се обидува да се дистанцира од својот претходник Обама, мерките за обезбедување на енергетската независност и за доминантна улога во секторот изгледаат прилично слични, пишува уште „CNBC“.

Во последниве месеци во САД се развиваат нови технологии за профитабилна екстракција на шкрилци нафта и гас. Ова ги отвора вратите не само за задоволување на локалната потрошувачка, но и за извоз на течен гас.

Администрацијата на Барак Обама беше критикувана за блокирање на извозот на течен гас, но издаде 38 лиценци за оваа активност. Аналитичарите го објаснуваат побавниот напредок со фактот дека досега земјата била главен увозник и за да стане извозник бара малку време пазарите да ја согледа промената.

Каде сепак политиката на Доналд Трамп за светска доминација во овој сектор може да се соочи со тешкотии?

На прво место во однос на технологијата, сметаат уште експерти, цитирани од „CNBC“. Владата треба да инвестира во новите начини за екстракција на суровини, а во исто време Трамп нуди ограничување на трошоците за студии на Министерството за енергија.

Од друга страна и потенцијалните купувачи на енергетските ресурси од САД не би сакале да бидат „доминантни“.

Доналд Трамп изгледа и малку растргнат за аналитичарите – од една страна тој се дистанцираше од мировен договор за климата, а од друга вели дека ќе го охрабри користењето на природен гас како извор на чиста енергија, како и нови технологии за секторот со јаглен и нуклеарната енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП