15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛистата со барања ќе биде отфрлена, Катар не се плаши од ултиматумите

Листата со барања ќе биде отфрлена, Катар не се плаши од ултиматумите

По истекот на крајниот рок за прифаќање на барањата што му ги поставија четирите арапски држави, Катар би можел да се соочи со дополнителни санкции.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет му доставија 13 барања на Катар, чиј краен рок за прифаќање истече вчера.

Катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани претходнои дека Катар ќе ги отфрли поставените барања, бидејќи со нив се „намалува катарскиот суверенитет“.

– Листата со барања ќе биде отфрлена, нема да биде прифатена. Подготвени сме за дијалог, но под соодветни услови. Ние веруваме дека светот е регулиран со меѓународни закони, што не дозволуваат големите земји да ги малтретираат малите земји“, изјави тој на прес-конференцијата во Италија. „Никој нема право на една суверена земја да издава ултиматум“.

Според телевизијата „Ал Арабија“, во вакви услови четирите арапски држави разгледуваат нова листа на потенцијални казнени мерки кон Катар, кои би можеле да опфатат и времено исклучување на Катар од членство во Советот за соработка во Персискиот Залив и проширување на постојните трговски санкции. Како што јави ДПА, ваквата информација на Ал Арабија засега не е потврдена од ниту една од четирите арапски земји кои застанаа зад барањата доставени до Катар.

Овие четири земји минатиот месец ги прекинаа односите со Катар и воведоа санкции кон државата, обвинувајќи ги властите во Доха за поддршка и финансирање на терористички и екстремни исламистички групи. Кон санкциите подоцна се приклучија уште неколку арапски и претежно муслиманки земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП