2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААфрика и натаму гладна

Африка и натаму гладна

Само во три од 54 африкански земји владее „ниско“ ниво на глад, се наведува во најновиот извештај на Глобалниот индекс на глад, кој е објавен денеска во етиопскиот главен град Адис Абеба.

Во извештајот на Африканската унија и агенцијата Ново партнерство за развој во Африка (NEPAD), врз основа на истражување од 2015 и 2016 година, сепак стои и дополнување, дека во пет африкански држави владее „алармантно“ ниво на глад, а во 28 земји „сериозно“ ниво на глад.

„Во некои африкански земји, како што се Етиопија, Демократска Република Конго и Нигерија, над 50 проценти од децата под пет години заостануваат во развојот“, се вели меѓу другото во извештајот.

Во извештајот исто така се истакнуваат и позитивните движења како што се зголемувањето на стапката на нутритивните интервенции.Извршниот секретар на НЕПАД, Ибрахим Maјaки, за АА изјави дека прашањето на заостанувањето во развојот е шокантно и критично и дека мора итно да се реши.

„Храната треба да биде национален приоритет. Секторите како што се земјоделството и здравството, мора да работат заедно“, рече Mајаки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП