29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИтен план за повторна индустријализација на Европа

Итен план за повторна индустријализација на Европа

Конфедерацијата на работодавачи на Европа побара од институциите на Европската Унија(ЕУ) итно да се подготви план за повторна индустријализација на Европа.

Според нив, „само моќна европска индустрија ќе може да гарантира силна економија“.

Во пораката што до Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент ја упати моќното лоби на работодавачи и компании БизнисЈуроп, се нагласува нужноста од „итно утврдување на амбициозните цели за индустријата до 2030 година“.

Конфедерацијата на работодавачи бара веднаш да се искористат трендовите во енергетиката, дигитализацијата и урбанизацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП