3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе обезбеди 3.000 слободни места во областа на медицината

Грција ќе обезбеди 3.000 слободни места во областа на медицината

Во блиска иднина грчкото Министерство за здравство ќе отвори 3.000 работни места за лекари и медицински персонал. До крајот на годината во нашиот јужен сосед ќе бидат отворени 239 клиники во 80 различни региони.

Изборот на местата во кои ќе бидат отворени во здравствените установи, ќе се заснова на потребите на здравствени услуги, пристапот до таквите услуги и економската и социјалната состојба на локалните заедници, коментира грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на состанокот во Министерството за здравство.

Обновата на имиџот на јавното здравство и болниците е еден од најголемите предизвици за новата грчка влада. Премиерот признава дека тоа е „огромен напор“, наведувајќи ги тешкотиите со кои се соочува секторот. Здравството е во критична состојба со години, посочи уште Ципрас и коментира дека тоа било соочување со злоупотреби и корупција уште пред финансиската криза да ја опфати земјата.

Првите штедења кои ги направи земјата во периодот 2010 – 2014 година беа поврзани со осигурителните фондови и државниот буџет, посочи уште Ципрас и додаде дека така се намалени услугите понудени на граѓаните, наместо да биде ограничена корупцијата и недостигот на транспарентност.

Грчкиот премиер е убеден уште дека кризата не е само во Грција, туку дека е меѓународна поради ставот дека јавното здравство веќе е застарено и така се отвора пат за приватните интереси во оваа област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП