25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН го намали буџетот за мировни мисии

ОН го намали буџетот за мировни мисии

Генералното собрание на ОН одлучи значително да го намали буџетот за мировните мисии на организацијата. За намалување на овие средства напорно се бореше Владата на американскиот претседател Доналд Трамп, иако бараното од него намалување беше уште поголемо, пренесоа американските медиуми.

По долгите и жестоки преговори буџетската комисија на Собранието го усвои буџетот за 14-те мировни мисии за почнувајќи од денес во нова фискална година да биде намален до 7,3 милијарди долари.

Вчера 193-члената Организација на Обединетите нации усвои едногласно да биде одобрена сума од 6,8 милијарди долари. Беше прифатено сепак да бидат доделени уште 500 милиони долари за две мисии, кои во моментов се во процес на намалување – заедничката мисија на ОН и Африканската унија во суданскиот регион Дарфур и мировната мисија на Обединетите нации во Хаити.

По одлуката на буџетската комисија американскиот постојан претставник во ОН, Ники Хејли изјави дека ова е само почеток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП