17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА30 инспектори ќе спречуваат неприфатливо работење на високи температури

30 инспектори ќе спречуваат неприфатливо работење на високи температури

Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците во деновите со неповолни временски услови за работа, односно топлотниот бран кој ја зафати земјата.

На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Државниот инспекторат за труд, во текот на викендот работи со дежурни екипи од 30 инспектори. Прекршувања на препораките може да се пријават на телефонскиот број 075 402 856.

Во согласност со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението , а со цел заштита на здравјето на луѓето, Министерството препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Исто така се препорачува откажување на спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на детските градинки да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП