1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија рекордно ниска, недостасуваат работници

Невработеноста во Германија рекордно ниска, недостасуваат работници

Стапката на невработеност во Германија во јуни се задржа на најниското ниво од обединувањето на земјата во 1990 година, покажаа официјалните податоци.

Според десезонираните податоци, околу 5,7 проценти од работоспособното население во јуни биле невработени, соопшти германската Канцеларија за статистика Дестатис, пренесува Франс прес.

Тоа се поклопува со стапката на невработеност од мај и е во склад со очекувањата на аналитичарите.

„Вработувањето и побарувачката на нови работници повторно значително пораснаа“, се наведува во соопштението на директорот на Федералната агенција за вработување (BA), Детлеф Шеле.

„Невработеноста би требало да продолжи да се намалуа барем до есента, што е подолго отколку што досега се очекуваше“, оцени главниот економист на инвестициската банка KfW, Јерг Којнер.

Тој, сепак, укажа на проблемот со недостаокот на квалификувани работници, вклучувајќи ги медицинските сестри, докторите, градежните работници и ИТ експертите, поради што повика на зголемување на платите и организирање на обуки со цел да се задоволи побарувачката за тие работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП