6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurger King го скрши мразот, плаќајте со биткоин

Burger King го скрши мразот, плаќајте со биткоин

Ланецот ресторани за брза храна „Burger King“ има намера да го прифати биткоинот како средство за плаќање, но само во Русија.

Една од московските филијали на ресторани веќе ја воведе оваа пракса, а официјалните лица потврдија дека пилот програмата ќе биде проширена во целата земја.

Изгледа дека конечно „Burger King“ го скрши мразот, тоа е прва компанија која ќе го прифати биткоинот во цела Русија.

Компанијата инаку бара ИТ експерти за да и помогнат да го проши плаќањето со оваа криптовалута.

Во „Burger King“ велат дека во моментов предизвик им е како ќе ги решат даночните прашања, со оглед на тоа дека Русија сеуште не ги дефинирала нив кога станува збор за дигиталните валути.

Наводно, има размислувања и за плаќање со етереум, па така од „Burger King“ велат дека покрај биткоинот ќе се фокусираат и на етереум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП