1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа три локации се експлоатира песок и камен во штипскиот регион

На три локации се експлоатира песок и камен во штипскиот регион

stock-footage-sand-digging

Општина Штип добива средства од концесиите за експлоатација на песок и камен, но според градоначалникот, Илчо Захариев овие средства се минимални во споредба со општините во источна Македонија, каде што има рудници за бакар и олово-цинк. Во првите три месеци општина Штип добила 850.000 денари од концесиите кои што ги плаќаат фирмите кои експлоатираат песок и камен во Лакавичкиот регион и Ежово поле.

– Моментално имаме три активни места за експлоатирање, тие се наоѓаат во Лакавичкиот регион и некои кои се пробни во делот на Ежово поле. Но, ние немаме увид колку е експлоатирана суровина и дали реално плаќаат. Обврска е дадено на нашата администрација во општината, а веќе имавме комуникација со Министерството за економија добивме податоци од нив, за да понатаму се што се работи општината да биде информирана, за да секој денар кој ќе биде исплатен и припадне на општината и да направиме нешто добро за граѓаните, рече Захариев.

Тој вели дека средствата кои ги добива општината од концесиите за црпење на песок и камен се минимални, имајќи во предвид колку се деградира и уништува животната средина во Лакавичкиот регион, а особено дабовата шума кон селото Љуботен. Општините во земјава добиваат 78 отсто од концесиите, кои ги плаќаат фирмите или рудници, кои го експлоатираат рудното богатство, а останатите 22 отсто одат на сметка на државата. Општина Штип по 2020-та година ќе добива повеќе средства по оваа основа, бидејќи тогаш се очекува и стартот на новиот рудник за бакар „Боров Дол“, чие концесиско подрачје се простира и на дел од атарот на штипското село Брест.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП