8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот Скопје дел од европски проект за уметничко творештво

Градот Скопје дел од европски проект за уметничко творештво

Градот Скопје е дел од европскиот проект КРЕАРТ (CreArt) којшто се спроведува преку Мрежата на европски градови за уметничко творештво. Станува збор за проект којшто е поддржан од Европската Комисија, преку програмата „Креативна Европа“, истиот ќе се реализира во период од 2017 до 2021 година и има вкупен буџет од над три милиони евра.

Во рамки на овој проект во Валадолид, Шпанија, се одржа првиот работен состанок, на кој присуствуваа претставници на Градот Скопје, Ловрен Маркиќ, раководител на Секторот за меѓународна соработка и Нада Пешева, советник за култура во Секторот за јавни дејности.

На овој состанокот учествуваа претставници од сите 12 градови-учесници во проектот, и на истиот е дискутирано за административно-финансиските аспекти на проектот, а утврден е и календарот на активностите.

Во проектот КРЕАРТ учествуваат 12 градови од 9 земји, и во него освен Скопје се вклучени и Ваљадолид од Шпанија, Џенова од Италија, Ливерпул од Велика Британија, Клермон-Феран и Руан од Франција, Загреб од Хрватска, Каунасод Литванија, Лублин и Катовице од Полска и Авеиро од Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП