18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Продолжува забраната за увоз на храна од западните земји

Путин: Продолжува забраната за увоз на храна од западните земји

Рускиот претседател Владимир Путин во петок ја продолжи забраната за увоз на храна од западните земји до крајот на 2018 година, како одговор на санкциите што САД и ЕУ ги воведоа против Москва заради анексијата на полуостровот Крим.

Во претседателскиот декрет е наведено дека до „31 декември 2018 година…за да се одбранат руските национални интереси“, се продолжува забраната на увоз на повеќето прехранбени производи од западните земји, во главно членки на ЕУ.

ЕУ во среда ги продолжи санкциите против Русија до 31 јануари 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП