16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акции издадени од Оилко КДА Скопје…

Блок трансакција со акции издадени од Оилко КДА Скопје…

Вкупниот промет остварен на Македонска берза денеска изнесуваше 10.4 милиони денари.

Повеќе од 70% од остварениот промет денеска припадна на блок трансакцијата со акциите издадени од Оилко КДА Скопје со вкупен износ од 7,351 милиони денари.

Скромна количина од само 45 акции на НЛБ Банка АД Скопје денеска се истргуваа преку класично тргување на Македонската берза. Просечната цена по која се реализираа овие трансакции изнесува 10.890 денари по акција, што претставува раст од 0.83% од постигнатата цена на вчерашното тргување.

И кај акцијата на Комерцијална банка АД денеска помина скромна количина од само 145 акции по просечна цена од 2.656 денари, раст од 1,77%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП