29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтруга: Летен универзитет во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт

Струга: Летен универзитет во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт

Деветнаесетта година по ред Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје организираат Регионален летен универзитет во Струга, од 3 до 7 јули, на кој ќе учествуваат повеќе од сто професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Романија, Молдавија и Ерменија.

Значаен настан во континуираната обука на професорите и наставниците, овој летен универзитет, организиран во партнерство со Министерството за образование и наука, како и со бројни меѓународни и регионални партнери им овозможува на професорите и наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик.

Шест модули за обука, кои ќе ги водат врвни француски обучувачи, а воедно и богата франкофонската програма исполнета со презентации, работилници и размени на професионално ниво, ќе бидат на програмата на професорите, кои на крајот на обуката ќе добијат официјален сертификат за учество.

Свеченото отворање е предвидено во понеделник, 4 јули, во 18 и 30 часот, во хотел „Дрим“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП