2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ ќе учествува на 41 седница на УНЕСКО

Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ ќе учествува на 41 седница на УНЕСКО

Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ е поканета да учествува на 41 седница на УНЕСКО која оваа година ќе се одржи во Краков, Полска од 2 до 12 јули 2017 година.

Иницијативата Охрид ЅОЅ е поканета во својство на набљудувач и е единствен претставник од граѓанскиот сектор во Македонија.

„Почестени сме што ја добивме поканата бидејќи таа е доказ и потврда за нашата работа, како и за меѓународното признание на Охрид ЅОЅ во полето на заштита на светското природно и културно наследство на Македонија“, изјави м-р Емилија Апостолова Чаловска, претставничката на Охрид ЅОЅ.

Пред одржувањето на седницата на УНЕСКО, на која, меѓу другото, ќе се разгледува состојбата на заштита на охридскиот регион, Охрид ЅОЅ учествува на Меѓународен форум за светско наследство во организација на World Heritage Watch (WHW) од 30 јуни до 1 јули оваа година.

Трудот со кој Охрид SOS ќе се претстави на Форумот е насловен Охридско Езеро: Светско културно и природно наследство под закана (Ohrid Lake: World Cultural and Natural Heritage in Peril) и во 15-минутно излагање ќе го презентира една од авторките, м-р Апостолова Чаловска.

„Со овој труд Охрид SOS ќе ја запознае светската јавност со опасноста во која се наоѓа охридскиот регион, недоволната заштита и идните развојни проекти кои сериозно го нарушуваат и загрозуваат како природното, така и културното наследство на овој локалитет од универзално, светско значење за човештвото“, изјави м-р Апостолова Чаловска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП