18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗелен напиток за помалку килограми и посилен имунитет

Зелен напиток за помалку килограми и посилен имунитет

Зелените сокови и смути шејкови веќе неколку години се апсолутен хит во светот. Иако на прв поглед не делуваат највкусно, нивните позитивни ефекти ќе ве натераат да ги засакате и вие.

Речиси и да нема позната, славна жена која не го практикува како секојдневна навика, а повеќето од витките дами заслугите му ги препишуваат на овој специјалитет.

Се работи за сокови составени од зелен, лиснат зеленчук и малку овошје.

Тие имаа благотворно дејство на луѓето кои се мачат со вишок килограми, повишен холестерол или недостаток на енергија, затоа што зелениот лиснат зеленчук содржи големи количини на железо.

Рецепт кој може да го испробате:

5 свежо исчистени листови кељ
1 излупен лимон
1 исчистено јаболко
2,5 cm корен од ѓумбир
неколку листови свежо нане

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер заедно со 120ml ладна вода. Мешајте додека не добиете густа смеса.

Овој сок може да го пиете како ужина, а може и да ви го замени појадокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП