26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција е на пат да ги убеди инвеститорите дека нема повторно да...

Грција е на пат да ги убеди инвеститорите дека нема повторно да е проблем за Европа

Грција е на пат да ги исполни своите цели и да излезе повторно на меѓународните пазари на капитал до крајот на годината, и покрај спасувачката програма – во текот на летото на 2018-та година. Тоа го коментираа претставници на главните кредитори на земјата.

Атина има реална можност да ги закрепне јавните финансии благодарение на реформите и натамошното штедење усвоено од парламентот пред еден месец, изјавија претставници на Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ) и Европскиот механизам за стабилизација (ESM), кои во моментов се наоѓаат во Грција.

За заменик-министерот за финансии на Грција, Јоргос Хуларјакис успехот на меѓународните пазари ќе дојде по спроведувањето на реформите и макроекономската стабилност на земјата, додава „Ana Mpa“.

Тој дополни дека влезот на Грција во програмата за квантитативни олеснувања не е неопходен услов за емисија на хартии од вредност на меѓународните пазари, макар и да е од корист. ЕЦБ треба да го разгледа случајот со Грција сега, откако беше одобрен договорот за ревизија на спасувачката програма.

Патот на Грција за излегувањето на меѓународните пазари беше отворен токму со оваа одлука на Еврогрупата, донесена на 15-ти јуни. Потоа и „Moody`s“ го зголеми долгорочниот рејтинг на нашиот јужен сосед, што ги доведе грчките државни хартии од вредност до најниската цена од 2009-та година, па наваму. Во понеделникот приносот на 10-годишните грчки државни хартии од вредност се намалија за 8 процентни поени до 5,42%, посочи „CNBC“.

Аналитичарите коментираат дека пазарите веќе веруваат дека Грција ќе престане да биде проблем за Европа и ќе има потреба од четврта спасувачка програма.

Четвртата спасувачка програма сепак е еден од најсериозните аргументи на опозицијата во Грција против владејачката коалиција. Според „Неа демократија“ управувањето на „Сириза“ ја води земјата кон нови заеми и програми од кредиторите.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос истакна дека развојот на економијата е во склад со предвидувањата на владата. Пазарите не ги потврдуваат најголемите стравувања на опозицијата и нивните негативни сценарија дека ќе пропаднат, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП