25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија сака да заштеди 800 милиони евра

Унгарија сака да заштеди 800 милиони евра

ungarija1

Унгарската влада најави нов план за заштеда на 800 милиони евра, со цел на крајот од месецот да излезе од европската процедура за намалување на дефицитот.

„Владата ќе ги замрзне буџетските расходи од 92,9 милијарди форинти (310 милиони евра), кои се еднакви на 0,3 проценти од БДП, со цел да излезе од оваа процедура“, изјави унгарскиот министер за економија Михал Варга, но не ги изнесе деталите на овие мерки, пренесува Франс прес.

„Додатната заштеда од 500 милиони евра би можела да биде остварена идната година, доколку Европската комисија го бара тоа“, додаде Варга.

Според условите на Мастрихтскиот договор за ЕУ, земјите членки мораат да имаат дефицит кој не поминува над границата од три проценти од БДП, мораат да работат на балансирање на буџетот па дури и на суфицит во услови на економски раст.

Во минатонеделниот пролетен извештај на ЕК, таа институција прогнозирала дека Унгарија оваа година ќе има дефицит од три проценти од БДП, а во 2014 година 3,3 проценти. Меѓутоа, владата во Будимпешта прогнозира за оваа и наредната година дефицит од 2,7 проценти, па така ќе и се овозможи на Унгарија да заврши со таа процедура.

ЕК на крајот од овој месец ќе донесе одлука за тоа прашање.

Според официјалниот сајт на унгарското министерство за економија, додатната заштеда од 500 милиони евра би можела да го опфати замрзнувањето на поголемиот дел од владините инвестиции, одложувањето на поединечни проекти и зголемување на специјалниот данок за банките и снабдувачите со енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП