3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 3 јули нов сообраќаен режим пред терминалната зграда на Скопскиот аеродром

Од 3 јули нов сообраќаен режим пред терминалната зграда на Скопскиот аеродром

Со цел да обезбеди уште полесно и побрзо движење на патниците, ТАВ Македонија воведе нов сообраќаен режим пред терминалната зграда на Скопскиот аеродром.

Почнувајќи од понеделник, 3 јули, бесплатното користење на улицата пред „Александар Велики“ ќе биде ограничено на 10 минути.

Ова значи дека патниците ќе можат да бидат оставани за заминувања и преземани по пристигнувања најмногу за 10 минути без надомест. Доколку возилата се задржат подолго од тоа, корисниците ќе треба да платат тарифи што ќе се движат од 500 до 2.000 денари.

ТАВ Македонија напоменува дека улицата пред терминалната зграда на Скопскиот аеродром не е простор наменет за паркирање туку само за оставање и за собирање на патниците од нивните летови. Компанијата нагласува дека за паркирање треба исклучиво да се користи паркинг-зоната. За подобро информирање на патниците, поставени се знаци со детали за новите правила на движење.

Покрај ова, дополнителни промени се направени за користење на паркингот на „Александар Велики“. Цените за подолгорочно паркирање се намалени и сега изгледаат вака: до 1 час паркирање (80 денари); до 2 часа (100 ден.), од 2 до 4 ч. (150 ден.); од 4 до 8 ч. (200 ден.); 24 часа (600 ден.). Паркирањето од 3 до 7 дена ќе чини 1.800 денари, додека од 8 до 14 дена, 2.500 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП