12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на економската клима - се буди стариот континент

Раст на економската клима – се буди стариот континент

Економската клима во еврозоната порасна во јуни на највисокото ниво во последните десет години, бидејќи закрепнувањето доби на замав во речиси сите сектори и држави.

Индексот на економската доверба во еврозоната во јуни порасна на 111,1 поени од 109,5 поени во мај, што е највисокото ниво од август 2007 година, покажуваат податоците на Европската комисија кои ги пренесува агенцијата АП.

Растот е забележан во речиси сите сектори, вклучувајќи ја индустријата, како и потрошувачката, а особено е забележана силна доверба во Германија и Франција, водечките економии на еврозоната.

Во изминатите неколку недели, како што оценува АП, постоеле се повеќе показатели кои укажуваат на забрзување на растот на економијата на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП