10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодатоците за САД ги надминаа очекувањата

Податоците за САД ги надминаа очекувањата

Американската економија во првиот овогодишен квартал оствари поголем раст од првично проценетиoт, покажаа податоците на американското Министерство за трговија.

Бруто домашниот производ (БДП) на САД во првиот квартал порасна за 1,4 проценти на годишно ниво, што е подобро од претходната проценка на растот од 1,2 проценти, пренесува АП.

Најновите податоци се резултат на поголемата лична потрошувачка и извозот, но се сепак послаби од растот од четвртиот квартал минатата година од 2,1 проценти.

Аналитичарите очекуваат дека економскиот раст на САД ќе забрза во вториот квартал, потпомогнат од солидното вработување и силната лична потрошувачка, а проценките на огранокот на ФЕД во Атланта говорат дека БДП ќе порасне по годишна стапка од 2,9 проценти во периодот април-јуни 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП