16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата поевтина поради зајакнување на доларот

Нафтата поевтина поради зајакнување на доларот

nafta1

Цените на суровата нафта, утрово, беа во пад поради растот на залихите на тој енергенс во САД и зајакнувањето на доларот, наведуваат аналитичарите.

Американската „лесна“ нафта за испорака ослабе во јуни на берзата во Њујорк за 49 центи на 95,90 долари за барел.

Истовремено на берзата во Лондон барел на северноморската нафта од типот „brent“ поевтинил за 41 цент на 104,06 долари.

„Главниот фактор кој влијае на цената се моменталните залихи во САД“, рече за Франс прес стратегот на сингапурската компанија „IG markets“ Кели Тио.

Американската владина агенција за информирање за енергетиката (ЕИА), претходно оваа недела соопшти дека залихите на сурова нафта во САД пораснале на 395,5 милиони барели во една недела заклучно со 3-ти мај, што е највисоко ниво од 1982 година. Растот на залихите укажува на тоа дека производството ја надминува побарувачката, што доведува до падот на цената.

Американските залихи на нафта се важен показател за трговците, бидејќи САД е најголемата економија и најголемиот потрошувач на нафта во светот.

Зајакнувањето на доларот во однос на јенот исто така влијаело на цената, наведуваат аналитичарите. Доларот ја помина границата од 100 јени и рано наутро зајакна на 101 во однос на 100,55 јени, колку што вредеше вчера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП