7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапреа цените на нафтата поради растот на американските резерви

Запреа цените на нафтата поради растот на американските резерви

Растот на резервите во САД ги забави цените на нафтата во среда на меѓународните пазари под 47 американски долари (УСД), обновувајќи ја загриженоста дека завршувањето на периодот на прекумерно снабдување е уште далеку.

На лондонската берза цената на барелот беше речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 46,56 УСД.

Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 44,07 УСД.

ОПЕК одвоено објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во вторник изнесувала 44,23 УСД, што значи дека била за 1,09 УСД повисока во однос на претходниот работен ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП