24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе помага во решавање на проблемот на „Македонски железници“

Владата ќе помага во решавање на проблемот на „Македонски железници“

Владата на денешната седница донесе одлуки со коишто се помага сметката на претпријатието „Македонски железници АД Скопје“ да не биде блокирана, за да не останат вработените без плати, поради направените големи долгови на ова претпријатие кон „АД ЕЛЕМ“ и „АД МЕПСО“ и заканата од присилно извршување.

Донесена е одлука да се препорача претпријатието преку одделни средби со двете компании заеднички да ја утврди целата состојба на должничко доверителските односи и да се пристапи кон изнаоѓање спогодбено решение, како и за тоа веднаш да ја известат Владата. Одлучено е да се препорача на „АД МЕПСО“ да донесе одлука за повлекување на предлогот за присилно извршување на паричното побарување против „МЖ Транспорт АД Скопје“ и за тоа МЕПСО веднаш да ја информира Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП