28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Охрид викендов втора масовна оф роуд средба за промовирање на туристичките...

Во Охрид викендов втора масовна оф роуд средба за промовирање на туристичките потенцијали

Претстојниов викенд, вo сабота и недела, во Охрид, ќе се одржи Втората масовна оф роуд средба, во организација на здружението „Оф роуд Охрид“.

Учество имаат пријавено 350 учесници, 200 теренски оф роуд возила, 40 крос мотори и 20 теренски мотоцикли од Македонија, соседните земји, како и од Словачка и Полска.

Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко – спортски – туристички карактер, а целта е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на охридскиот регион.

Турнејата е планирано да почне в сабота, на 1 јули, од селото Лакочереј, а да продолжи до селата Сирула, Лешани, манастир Св. Илија, Плаќенска Планина, Мазатар, потоа преку селата Куратица, Расино, Вапила, Лакочереј и Лескоец, како последна точка.

Сите учесници, ноќта спроти 2 јули, ќе кампуваат во кампот “АС”-Струга.

Турнејата ќе биде организирана според сите законски прописи, како и со потребната логистика неопходна за нејзино успешно одржување.

Стартот на оф роуд средбата е в сабота, со почеток во 09 часот од платото пред градското пристаниште откако претходно ќе се изврши технички прием на возилата и делењето на стартните броеви.

В недела, втори јули, во атарот на селото Лакочереј, ќе се одржи трка со теренски возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП