5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагубите на Panasonic достигнаа до 7,44 милијарди долари

Загубите на Panasonic достигнаа до 7,44 милијарди долари

panasonic2

Загубите на јапонската електронска корпорација „Panasonic“ за фискалната година која заврши на 31 март, достигнале до 754,25 милијарди јени (7,44 милијарди долари), соопшти денес компанијата.

„Panasonic“ втора фискална година по ред завршува со големи загуби, соопшти компанијата. На резултатите негативно влијаела жестоката конкуренција и падот на побарувачката на низа производи, меѓу кои ТВ панелите, мобилните телефони, батериите и слично.

Последниве години „Panasonic“ е соочен со сериозни финансиски тешкотии, поради кои оваа година продаде три свои деловни згради во Токио, а ја најави и продажбата на своето седиште во Њујорк.

Покрај тоа, компанијата одлучи да ги повлече своите акции од берзата во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП