19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за економија ќе ја зајакне соработката со занаетчиите во Старата Чаршија

Министерството за економија ќе ја зајакне соработката со занаетчиите во Старата Чаршија

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со претседателот на Здружението на занаетчии „Еснаф” Бејтула Морина и претседателството на ова здружение кое дејствува во Старата чаршија во Скопје.

Министерот Бектеши рече дека Старата скопска чаршија е една од најубавите и најпрометните делови во главниот град, додавајќи дека високо го цени вниманието кое еснафот го дава за зачувување на културното наследство, оригиналноста, традицијата на чаршијата и особено старите занаети.

Министерот Бектеши истакна дека продолжувањето на занаетите, особено старите кои не може да се најдат во кое било друго место е многу важно и затоа Министерството за економија, како дел програмата за развојот на туризмот и занаетчиството програмата, втора година по ред го спроведува проектот за реставрација на излозите на дуќаните на старата скопска чаршија.

Министерството за економија го спроведува проектот за поправка на оштетени излози, со цел да се зачува автентичниот изглед на чаршијата. Оваа оваа година продолжува и со субвенционирањето на занаетчиите со буџет од 1,6 милиони денари.

Бектеши Морина и се согласија наскоро да се продолжи со реализиција на соработката во повеќе сфери, за да се создаде подобра средина за занаетчиите во чаршијата и подобар амбиент за големиот број на туристи кои го посетуваат овој дел на Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП