
Денеска беше пуштен во употреба третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.


Денеска беше пуштен во употреба третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
„Овој парк е практично продолжување на низата паркови кои се направени по должината на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’, почнувајќи со Паркот Македонија 1, па Паркот Македонија 2 и еве овој Паркот Македонија 3. Град Скопје ги поддржува активностите на општините за градење паркови и уредување на зелените површини и во иднина ќе ги поддржувме во напорите за зголемување на зелените површини во градот и ќе продолжиме да грдиме паркови во интерес на граѓаните на Скопје“, рече градоначалникот Коце Трајановски.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека третиот дел на Парк Македонија е со површина од околу 10. 000 квадратни метри, од кои општината партерно уредила околу 4.000 квадратни метри, а другиот дел од паркот е зеленило во коешто се засадени 75 дрвја.