15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДовербата на германските корисници на 16-годишен врв

Довербата на германските корисници на 16-годишен врв

Довербата на потрошувачите во најголемата економија во Европа за јули – германската, се зголемила до максимално ниво во последните скоро 16 години. Ова го покажуваат податоците за индексот на корисничката доверба на Нирнбершкиот економски институт „GfK“, соопшти „Ројтерс“, цитирана од светските агенции.

Претекнувањето на индексот на корисничката доверба на „GfK“ предвиде зголемување до 10,6 поени за јули, што е највисока вредност од октомври 2001-ва година.

Аналитичарите, анкетирани од „Ројтерс“, очекуваа неговата вредност да остане непроменет на јунските нивоа од 10,4 поени.

Позитивните перцепции за иднината меѓу корисниците се должат главно на одличната состојба на пазарот на трудот, коментира експертот од „GfK“, Ролф Бјоркл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП