19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi се насочува кон спортски кросовери наместо на суперавтомобили

Audi се насочува кон спортски кросовери наместо на суперавтомобили

Во семејството на моделот „Audi R8“ има место за уште една верзија која да биде најмоќната и најбрзата во историјата, но во делот „Audi Sport“ преферираат да ги фокусираат напорите на моделите кои ќе носат загарантиран и брз профит, имено – спортски модификации на кросовери.

Ова го објави пред изданието „Top Gear“ шефот на „Audi Sport“ – Штефан Винкелман. Тој рече дека меѓу приоритетите на одделот се имено „SUV“-моделите. Тие претпочитаат во автомобили како „R8“, кои се продаваат доста потешко.

„Ние сме должни да создадеме линија на модели која активно да продаваме во целиот свет“, коментира Винкелман, како ги отфрли тврдењата дека во „Audi“ се подготвуваат да дадат одговор на суперавтомобилот на „Mercedes-Benz“. Според топ-менаџерот, за луѓето од Инголштад создавањето на автомобил-рекордер на патеката не е прироритет.

Сепак Винкелман истакна дека во „Audi Sport“ се работи и над неколку нови варијанти на „R8“, но одби да прецизира какви се тие. Тој прецизира дека не треба да се очекува појава на верзија со заден пренос по примерот на „Lamborghini“.

„За нас „Quattro“ не претставува дополнителна опција, а системот кој задолжително треба да се наоѓа во нашите автомобили“, категоричен беше Винкелман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП