9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1 јули стапува на сила забраната за тешки товарни возила на...

Од 1 јули стапува на сила забраната за тешки товарни возила на државните патишта

Од сабота, 1 јули, ќе почне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти АМСМ.

Временските интервали за забрана за движење на товарните возила се следни:

петок : 17:00 – 22:00 часот,

сабота : 09:00 – 18:00 часот и

недела : 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Од сабота ќе почне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП