12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел има голем план: Сите да победуваат

Меркел има голем план: Сите да победуваат

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека глобалната трговија не е игра во која едни губат а други добиваат.

Таа истакна и дека ќе бара основање на комерцијален систем основан врз правила, од кој сите ќе имаат корист.

„Мојата визија за глобализација е дека во глобалниот и меѓуповрзаниот свет потрбен е трговски систем заснован врз правила, во кој сите страни победуваат. Постои и сфаќање за глобализацијата според кое постојат победници и губитници, како да станува збор за игра, но јас во тоа не верувам“, изјави таа во пресрет на самитот Г20, кој ќе се одржи следната недела во Хамбург, пренесува Ројтерс.

Меркел ќе ги пречека следната недела лидерите на Г20, а се претпоставува дека на тој самит трговијата ќе биде една од главните теми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП