3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте задолжувањето во еврозоната, каматите на минимум

Расте задолжувањето во еврозоната, каматите на минимум

Растот на задолжувањето на домаќинствата во еврозоната во мај го достигна највисокото ниво во осум години.

Изјавите на креаторите на монетарната политика поттикнаа раст на довербата во единствената валута, известува агенцијата АФП, повикувајќи се на вчера објавените податоци од Европската централна банка (ЕЦБ).

Кредитирањето на домаќинствата порасна минатиот месец за 2,6 проценти во однос на 2,4 проценти во април, што е најбрзиот раст од март 2009 година, покажуваат податоците на ЕЦБ.

Растот на кредитирањето на деловните субјекти во мај изнесуваше солидни 2,4 проценти, додека вкупните кредити во приватниот сектор исто така забележаа стабилен раст од 2,6 проценти.

Креаторите на монетарната политика на ЕЦБ во неодамнешното јавно обраќање изнесоа став дека нивните мерки за ублажување на критериумите за кредитирање на компаниите и домаќинствата „ја одработиле работата“ давајќи важен поттик за економијата која беше потресена од финансиската криза.

ЕЦБ им понуди евтини кредити на банките, ги намали каматните стапки на историски минимум и продолжува да вбризгува десетици милијарди евра месечно во финансискиот систем преку купување на обврзници.

Со олеснувањето на пристапот до готовина, централната банка настојува да го стимулира економскиот раст и да ја издигне нагоре инфлацијата кон целното ниво од нешто под 2,0 проценти.

ЕЦБ ги зголеми очекувањата за растот во претстојните години во своите нови прогнози објавени претходно овој месец, но се предвидува дека инфлацијата и понатака ќе заостанува во однос на таргетираната стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП