17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Планот на Трамп може да ја загрози глобалната стабилност

ЕЦБ: Планот на Трамп може да ја загрози глобалната стабилност

ЕЦБ е загрижена дека плановите на администрацијата на Доналд Трамп за ублажувањето на банкарската регулатива во Соединетите Американски Држави ќе ја загрозат глобалната финансиска стабилност.

Тоа е изјавата на високата функционерка во ЕЦБ Сабине Лаутеншлегер.

„Сметам дека најновите предлози на Министерството за финансии се загрижувачки. Изгледа дека елементите од глобалните реформи би можеле да бидат одложени или дури и да не се спроведат“, изјави Лаутеншлегер, потпретседателка на надзорниот одбор на ЕЦБ, на една конференција во Бон, пренесува агенцијата АФП.

„Институциите кои се исклучиво национални нема да ја подобрат стабилноста на финансискиот систем, туку сосема спротивно“, додаде таа.

Претходно овој месец, американското Министерство за финансии ја претстави „мапата за патот“ за ублажувањето на строгите банкарски прописи, наведувајќи дека таа претставува „разумно балансирање“ на прописите како одговор на зајакнувањето на економијата.

Според предлозите на Министерството, би се спровеле стрес тестови (кои ја мерат способноста на банките да ги компензираат можните економски шокови) само на помал број од најголемите финансиски институции.

Исто така би се ублажиле и мерките кои се воведени по финансискиата криза со цел да се заштитат корисниците на финансиски производи и депонентите на банките. Во меѓувреме, САД и европските земји тапкаат во место во тн. „Базел III“ рунда на глобални преговори за банкарската регулатива.

САД се залагаат за построги правила за тоа како банките треба да ја проценуваат својата ризична актива, со што им се спротивставуваат на водечките европски земји Франција и Германија, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП