10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Иднината на 27-те земји од ЕУ е приоритет во преговорите за...

Меркел: Иднината на 27-те земји од ЕУ е приоритет во преговорите за Брегзит

Германија и другите земји од ЕУ ќе ги водат преговорите за излегување на Велика Британија од Унијата во атмосфера на пријателство, но сепак, приоритет ќе биде зачувување на единството на преостанатите 27 членки, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.

„Ние, се разбира, ќе преговараме во атмосфера на пријателство, секогаш кога тоа е можно. Но, она што треба да го направиме е 27 земји од ЕУ да се погрижат за својата иднина. Би било фатално ако од вид ги изгубиме иднината и единството на 27-те од ЕУ на сметка на одржување фер преговори со Велика Британија”, рече Меркел, според која преговорите за Брегзит не се „листа на желби”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП