26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија со уште 6...

Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија со уште 6 месеци

Челниците на Европската Унија официјално ги продолжија за половина година економските санкции кон Русија, до 31 јануари 2018 година.

Москва жали за продолжувањето на санкциите и истакнува дека ограничувањата не можат да решат ниту една задача која пред себе си ја поставува Европската Унија во односите со Русија.

„Веќе повеќепати независни експерти во земјите на ЕУ со бројки во рацете покажуваа дека од санкциите и нашите контрамерки пред сѐ страда економијата на земјите од ЕУ. Тоа, што се случи уште едно продолжување на санкциите – тоа не може да не предизвика поинакви чувства освен жалење. Повторно агресивното малцинство во ЕУ прави бал“, изјави за новинарите заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Алексеј Мешков.

Од санкциите на ЕУ најмногу се погодени руските банки и финансискиот сектор како одговор на инволвираноста на земјата во конфликтот во источна Украина и анексијата на полуостровот Крим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП